Фридрих Ханјрих Вигерс (германски: Friedrich Heinrich Wiggers или Fridrich Hindrich; 15 март 1746 – 3 март 1811) — германски ботаничар кој ги опишал глуварчињата, автор на флора на Холштајн (1780).[1] Се среќава и под латинизираното име „Фредерикус Хенрикус“ (Fredericus Henricus) и алтернативното презиме Wichers.
Бигерс е роден во 1746 г. во Кремпе, Холштајн. Во 1774 г. се запишал на Килскиот универзитет и во 1780 г. ја издал дисертацијата Florae Primitiae holsatica. Во 1784 г. Докторирал медицина. Подоцна се преселил во Апенраде, Шлезвиг, каде се оженил во 1785 г. и имал четири деца.[2] Починал во 1811 г. во Хусум.
Вигерс како ботаничар се означува со стандардната кратенка F.H.Wigg. при наведување на ботаничко име.[3]
|