Фукуми Шимура (родена 1924г.) е јапонска текстилна уметница која произведува кимона од 1958 година. Шимура има добиено повеќе награди, вклучувајќи ги и Наградата за национално богатство во 1990, и Наградата за уметност и филозофија во Кјото во 2014 година.
Шимура е родена во 1924 година во Омихачиман, Јапонија. Своето образование го завршила во Бунка Гакуин во 1942 година.[1]
Во 1955 година, Шимура започнала да се занимава со текстилна уметност. [2] По средбата со јапонскиот уметник Тацуаки Курода, Шимура учествувала на уметнички настан одржан од Јапонското здружение Когеи во 1957 година. За време на нејзината кариера, Шимура студирала кај уметниците Тошиџиро Инагаки и Томимото Кенкичи. [3] Таа има создадено голем број на кимона од нејзиното прво дело во 1958 година со наслов „Есенска магла“. [1]
Во 2015 година, уметноста на Шимура била прикажана во Музејот на модерна уметност, Шига. [4] Во 2016 година, Шимура имала изложби во Националниот музеј за модерна уметност, Кјото[5] и Префектуралниот музеј Окинава.[2]
Освен креациите во текстилната уметност, Шимура со својата ќерка создале простори за учење текстилна уметност.[1] Во 1989 година, Шимура и нејзината ќерка отвориле работен простор за текстилна уметност и религиозно место за ткаење во 2013 година. Шимура, исто така, напишала книги на кои им била доделена Наградата за есеист клуб Нихон и Наградата Осараги Јиро.[6]
На Шимура ѝ бил доделен Медал со виолетова лента во 1986 година, прогласена за Живо национално богатство во 1990 година и ѝ била доделена чест на Личност за културна заслуга во 1993 година.[1] Други почести кои и биле доделени на Шимура се Наградата Кјото за уметност и филозофија во 2014 година и Орден за култура, следната година.[7]
Фукуми Шимура е мајка на Јоко Шимура, која исто така е текстилна уметница. [3]