Фулканели

Корицата на „Мистеријата на Катедралата“ (1926) од Фулканели (1839 - 1953) .

Фулканели (1839 - 1953) е псевдоним за францускиот алхемичар и автор од 19 век чијшто вистински идентитет сè уште не е откриен[1]. Неговиот живот и дело се обвиени со мистерија – што пак придонело тој да се смета како вистински културен феномен. Една од најекстравагантните приказни раскажува дека неговиот посветен ученик Еуген Кансеље успеал да претвори сто грама олово во злато употребувајќи го „филозофскиот камен“ којшто му го оставил неговиот учител.

Се верува дека на прагот на Втората светска војна, Абвер (тајната германска служба за разузнавање) го барала Фулканели поради неговите познавања од технологијата на јадреното вооружување. Фулканели се сретнал со некој француски атомски физичар при што му дал точни детали во однос на технологијата на јадреното вооружување и тврдел дека атомското оружје било употребено против човекот уште во дамнешната историја.

Според Кансеље (ученикот на Фулканели), неговата последна средба со Фулканели се случила во 1953 година (години подоцна по неговото исчезнување), кога отишол во Шпанија во некој замок високо во планините на договорена средба со неговиот некогашен учител. Кансеље го знаел Фулканели како старец во своите осумдесетти, но сега учителот се подмладил: бил човек во своите педесетти. Повторната средба била кратка, и Фулканели повторно исчезнал без трага и глас.

  1. Patrick Riviere Fulcanelli, p. 29, Red Pill Press Ltd, 2006 ISBN 978-1-897244-21-0

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]