„Хава, Марјам, Ајеша“ — филм на авганистанската режисерка Сахра Карими од 2019 година. Карими е авторка на сценариото, заедно со Сами Хасиб Набизада. Главните улоги ги играат: Арезу Арјапур, Ферешта Афшар и Хасиба Ебрахими. На Венецијанскиот филмски фестивал, Карими била номинирана за наградата „Хоризонти“ за најдобар филм.[1]
Во филмот се прикажува животот на три жени од Кабул. Хава (ја игра Арјапур) е бремена жена, препуштена сама на себе, која живее со свекорот и со свекрвата. Единствената нејзина утеха е разговорот со нероденото дете. Марјам (ја игра Афшар) е образована телевизиска новинарка, која се подготвува да се разведе од својот неверен маж, но токму тогаш дознава дека е бремена. Ајеша (ја игра Ебрахими) е 18-годишан девојка која се согласува да се омажи за својот роднина откако нејзиното момче ја напушта кога таа останува бремена...