Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Хавиер Чакон Кесада |
Роден | 29 јули 1985 Велес-Рубио, Шпанија |
Висина | 1,85 м |
Маса | 70 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Андалусија |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Аматерски клубови | |
2008–2009 2008 2011 | Кафемакс-Контентполис Контентполис-Мурсија (тренинг) Андалусија-Каха Гранада (тренинг) |
Професионални клубови | |
2010–2011 2012– | Ираклион Кастро-Мурсија Андалусија |
Последна промена 10 јануари 2015 |
Хавиер Чакон Кесада (шпански: Javier Chacón Quesada; р. 29 јули 1985) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Андалусија.[1]
Роден во Велес-Рубио, Чакон настапува како професионалец од почетокот на сезоната 2012, возејќи како член на екипата Андалусија. На неговиот прв Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2012, Чакон бил во бегство на две од првите четири друмски етапи; вториот пат на петтата етапа, кога заминал во соло бегство и возел сам 140 километри од вкупно 168 километри, колку што била етапата.[2][3]
![]() ![]() ![]() | Оваа биографска статија поврзана со шпанскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |