Хакни-кола

Во Обединетото Кралство, хакни-кола/хакни-кочија (англ. hackney carriage) се однесува на такси-возило со дозвола од т.н. Public Carriage Office (Служба за јавни коли) во Лондон (за подрачјето во рамките на автопатот M25) или од локална надлежна служба (неметрополски окружни совети или пак унитарни власти) во други делови на Англија, Велс и Шкотска, а и од Министерството за животна околина на Северна Ирска. Поимот сѐ уште се употребува од властите во некои делови на САД како Бостон, со значење на такси-возило.

Црн лондонски такси LTI Фервеј

Историја

[уреди | уреди извор]

Првите дозволи за хакни-кочии 1662, и се однесувале буквално на кочии со коњска влеча, подоцна модернизирани како хансомки (1834), кои оперирале како наемни возила. Постои разлика помеѓу генеричката хакни-кочија итн. hackney coach, која конкретно е наемно возило со четири тркала, два коња и шест седишта.

Електричните хакни-коли се појавиле пред воведувањето на моторни такси во 1901. За време на XX век автомобилите ги замениле кочиите, и последната коњска хакни-кочија во Лондон била расходувана во 1947. Во некои делови од земјата коњските кочии продолжиле да оперираат, како да речеме во Кокингтон, Торки.

Светчечки знак ‘for hire’, одлика на хакни-колата

Денес според правилникот возилата можат да возат по улиците, барајќи патници, наспроти радиотакси-возилата (minicabs), кои можат да опслужуваат замо патници кои претходно ги нарачале (закажале).

Од почетокот на 2004, владата на Обединетото Кралство презема чекори да ги укине радиотакси-возилата, како би останале само хакни-коли.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот „хакни“ (hackney) не доаѓа од околијата Хакни во Лондон, туку од францускиот збор haquenée (каскач) кој се однесувал на коњите кои ги влечеле тие тогашни кочии.

Црни такси

[уреди | уреди извор]

Моторизираните хакни-коли, радиционално црни по боја, го носат популарното име „црни такси“ (black cabs), но среќаваме и други бои, најчесто бојадисани заради потребите на рекламите на возилата. Интересен пример се 50-те златно обоени такси по повод прославите на Златниот јубилеј на кралицата Елизабета II во 2002.[1]

Највеќето оператори во земјата ги користат вообичаените седани со четири врати, но во Лондон и неколку други големи градови се користат посебно направени возила од само една фирма — LTI. Овие возила обично имаат капацитет од пет патника назад, но некои се посебно направени за шести. Багажот стои или кај патникот или до таксистот — овие возила немаат совозачко седиште. Сите модели се направени за пристап на инвалидски колички.

Во Лондон таксистите на хакни-коли мораат да го поминат тестот за „познавања на улиците“ наречен The Knowledge. Моментално во Лондон има околу 20,000 црни такси, со дозвола од институцијата Public Carriage Office.[2]

Низ годините постоели разни марки и типови на хакни-коли[3] вклучувајќи ги следниве:

Во иднина

[уреди | уреди извор]
Прототипно такси-возило VW Milano

На 14 декември 2010 градоначалникот на Лондон Борис Џонсон го најавил планот да се исфрлат од употртеба најстарите такси-возила од типот LT Cabs со цел да се подобри квалитетот на воздухот. Во планот се предвидени 1 милион фунти за таксистите што ќе набават нискоиздувно возило (електрично и сл). Истиот ден, министерот за транспорт Филип Хамонд ги објавил владините субвенции од по £5.000 за секое набавено електрично возила, а Volkswagen го претставиле нивното електрично возило VW Milano.[4]

  1. БиБиСи Новости Златни времиња за црни такси Среда, 13 март, 2002, 15:21 GMT (англиски)
  2. Кратка историја на хакни-колата и Службата за јавни коли Архивирано на 31 декември 2006 г. (англиски)
  3. Модели и историја на лондонските таксија Архивирано на 20 април 2012 г. (англиски)
  4. Јорн Мадслин (14 декември 2010). „Електричен автомобилизам: тивка револуција“. Би Би Си Вести. Посетено на 12 декември 2010. (англиски)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]