Халид Лвалива | |||
---|---|---|---|
Халид Лвалива како играч на Брегалница 2008 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 22 август 1996 | ||
Роден во | Иганга, Уганда | ||
Висина | 1.75 м[1] | ||
Позиција | Средишен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Брегалница 2008 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014–2022 | Вајперс | 34+ | (1+) |
2022– | Брегалница 2008 | 20 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2019– | Уганда | 24 | (1) |
Халид Лвалива (изворно: Halid Lwaliwa; роден на 22 август 1996 година) ― фудбалер од Уганда кој игра како средишен бек за ФК Брегалница 2008 и фудбалската репрезентација на Уганда.
Роден во Иганга,[1] Лвалива учел во интернатското средно училиште „Сент Мери“ во Китенде пред да ја започне својата фудбалска кариера во Вајперс каде што бил унапреден во сениорскиот состав во 2014 година.[2][3] Тој потпишал продолжување на договорот во август 2018 година.[3] Во септември 2022 година, Халид се приклучил во штипска Брегалница 2008.[4][5]
Тој го добил своето меѓународно деби на 21 септември 2019 година во победата со 3-0 над Бурунди во квалификациите за Првенството на африканските нации 2020.[1] Во март 2023 година, Халид повторно бил повикан во репрезентацијата.[6]