Хобсов Брег (англиски: Hobbs Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот од ’ртот Беркс до точка на брегот спроти источната страна на осровот Дин (74°42′00″S 127°04′59″W / 74.7° ЈГШ; 127.083° ЗГД) или помеѓу Рупертовиот Брег на запад и Бакутисовиот Брег на исток. Се протега од 136°50′ ЗГД до 127°35′ ЗГД.
Брегот е откриен од Антарктичката служба на САД (1939–1941) и наречен по професорот Вилијам Хобс од Мичигенскиот универзитет, глациолог со специјалност по поларна географија и историја. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.[1]