Холандска влада во егзил Nederlandse regering in ballingschap
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Амстердам | |||||
Уредување | Привремена влада |
Холандска влада во егзил (холандски: Nederlandse regering in ballingschap), позната и како лондонски кабинет (холандски: Londens kabinet) ― холандска влада во егзил надгледувана од кралицата Вилхелмина, која за време на Втората светска војна по германската инвазија на земјата (10 мај 1940) побегнала во Лондон.
До 1940 година, Холандија била неутрална држава во Втората светска војна која имала релативно добри односи со Германија. На 10 мај 1940 година, Германија ја нападнала Холандија. Кралицата Вилхелмина со британскиот брод Хереворд побегнала од земјата и на 13 мај пристигнала во Лондон.[1] Холандските вооружени сили не можеле да го издржат германскиот блицкриг и за два дена се предале. Во Лондон, кралицата застанала на чело на холандската влада во егзил, основана во Стратон Хаус во областа Пикадили во Лондон. [2] Прво, тие се надевале дека Франција ќе се прегрупира и ќе ја ослободи нивната земја. Иако имало таков обид, тој бил неуспешен, а сојузничките сили биле опколени и биле принудени да се евакуираат во Данкерк. Холандските вооружени сили кои останале да ја бранат Холандија (освен војската што го окупирала Зеланд), се предале на 15 мај 1940 година.
Престолонаследникот на Холандија, принцезата Јулијана, заедно со нејзиното семејство била испратена во Канада, каде што ја поминале војната. [3]
Владата во егзил набрзо се соочила со дилема. По поразот на Франција, на власт дошла Вишиевската француска влада која на Адолф Хитлер му предложила политика на соработка. Тоа довело до конфликт меѓу холандскиот премиер Дирк Јан де Гир и кралицата. Де Гир сакал да го следи францускиот пример, односно да се врати во Холандија и да соработува со нацистите. Владата во егзил сè уште под своја контрола ја имала Холандска Источна Индија со сите нејзини ресурси и била трет најголем производител на нафта во светот, по Соединетите Држави и Советскиот Сојуз. Вилхелмина увидела дека доколку Холанѓаните соработуваат со Германија, Холандска Источна Индија ќе ѝ биде предадена на Јапонија, исто како што по наредба на Вишиевата влада ѝ била предадена Француска Индокина.
Сета надеж за ослободување на Холандија се полагала во влегувањето на Американците или Советскиот Сојуз во војната. Кралицата го разрешила Де Гир од функцијата премиер. Бил заменет со Питер Шурдс Хербранди. Аруба и Курасао, со своите рафинерии за нафта од светска класа, биле важни добавувачи на рафинирани производи за сојузниците. Аруба станала британски протекторат од 1940 до 1942 година и американски протекторат од 1942 до 1945 година. На 23 ноември 1941 година, по договор со холандската влада во егзил, Соединетите држави ја окупираа Холандска Гвајана за да ги заштитат рудниците со боксит. [4] На Јапонија ѝ било наметнато ембарго за нафтени производи, што било една од причините за нападот на Перл Харбор.
Во септември 1944 година, холандската, белгиската и луксембуршката влада во егзил започнале да формулираат договор за создавање царинска унија на Бенелукс. [5] Договорот бил потпишан на 5 септември 1944 година.
По завршувањето на Втората светска војна, Вилхелмина и нејзината влада се вратиле во Холандија и воспоставиле нов демократски режим. [6]