Хотел Султанахмед Sultanahmet Cezaevi | |
Поглед кон хотелот | |
Податоци за хотелот | |
---|---|
Место | Султанахмед, Истанбул, Турција |
Отворен | 1918/1919 |
Хотелот Султанахмед (турски: Sultanahmet Cezaevi), е поранешен затвор којшто се наоѓа во населбата Султанахмед, во Еминоину, Истанбул, Турција.
Објектот бил изграден во периодот помеѓу 1918/1919 година, и претставувал првиот затвор во Османлиското Царство кој бил изграден во современа конепција. Објектот е изграден во стил на неокласика, и се наоѓа веднаш до тогашниот суд, кој пак датира од 1845 година. На главната порта од затворот постои натпис кој гласи: Dersaadet Cinayet Tevkifhanesi.[1] Освен постојаните машки затвореници, овде биле притварани и малолетници и жени. На 25 јануари објектот бил напуштен по изградбата на затворот Сагмалцилар.[2]
Објектот долго време бил празен. Во 1992 година се донело одлука истиот да биде претворен во хотел.[3] Така, денеска овој хотел е еден од најпознатите во градот. Се наоѓа во близина на најголемите туристички атракции на градот: Аја Софија, Султан Ахмедова Џамија, Цариградски хиподром и Топкапи-сарај. Хотелот има 65 соби и 11 апартмани, со капацитет од 130 гости.[4] Осве хотелот, во објектот има отворено и ресторан со капацитет од 55 гости во зима и 95 во лето.[5]