Храмот на месечината[1] (шпански: Huaca de la Luna, кечуански: Killa Wak'a) е храм изработен од ќерпич кој се наоѓа во северно Перу. Храмот бил изграден од цивилизацијата Моче. Заедно со Храмот на сонцето, Храмот на месечината бил дел од главниот град на државата Моче кој денес се нарекува Серо Бланко.
Храмот на месечината се наоѓа на 4 километри во близина на Трухиљо. Овој храм е помал од Храмот на сонцето но од него се исцрпени голем број археолошки податоци. Храмот на сонцето во добар дел бил оштетен од Шпанците во 17 век, но Храмот на месечината бил недопрен. Денес се верува дека Храмот на сонцето бил административен, воен и центар на елитата, како и гробница за водачите на Моче, додека Храмот на месечината бил церемонијален и религиски центар.
8°08′06″S 78°59′29″W / 8.13500° ЈГШ; 78.99139° ЗГД
„Храм на месечината“ на Ризницата ? |
Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|