Христијатнството во Гамбија е втората најголема религија во земјата и претставува околу 8 проценти од вкупното население или околу 136.000 Христијани. Гамбија има население од околу 1.705.000 жители[1] - 2009 est.)
Гамбија нема официјална религија, но сепак најголема е Исламот.[2] Околу 90% од населението на Гамбија се Муслимани. Гамбија гарантира слобода на верско изразување.[3] Христијаните, кои воглавно се наоѓаат во јужните и западните делови од земјата, се најмногу припадници на Римокатоличката црква, но има и Протестанти, англиканци, Методисти, Баптисти, Јеховини сведоци и останати христијански групации.[2] Во Гамбија зачестени се браковите меѓу Христијаните и Муслиманите.[2] Во некои делови овие две религии се споени преку анимизмот.[2]
Во 1931 година била основана римокатоличка мисија во Гамбија. Во 1951 година мисијата била промовирана во Апостолска префектура, а во 1957 во бискупија, денес позната како Бискупија на Банџул. Денес има околу 42.000 Католици во државата[4]. Бискупијата е поделена на 56 парохии. Бискуп на Банџул е Роберт Елисон.
Англиканската црква во Гамбија била основана во 1935. Прв бискуп бил Џон Дели. Териториите на Гамбија, Сенегал и Зелениот ’Рт се дел од Англиканската бискупија на Гамбија. Моментален бискуп е Соломон Тилева Џонсон.
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|