Христијанството во Маврициус е втората најголема религија во земјата, прва е Хиндуизмот. Во Маврициус, 32.2% од населението се Христијани.[1] Од овие, 23.6% се Католици.
Христијанството за првпат пристигнало на островот со неговите први жители, Холанѓаните. Сепак, Холанѓаните го напуштиле островот во 1710 година.[2] Кога Французите пристигнале на Маврициус, христијанството повторно пристигнало во 1715 година. Од 1723 година на островот се донел закон каде се наредило секој роб кој бил донесен на островот морало да биде покрстен Католик.[3] Изгледа дека овој закон не бил строго почитуван.[3]Британците го презеле островот од Французите и пробале да го преобратат населението во Протестантство.[3]