Христијанството во Нигерија

Успение катедрала Овери

Христијанството во Нигерија е доминантна религија во земјата. Христијаните во земјата сочинуваат од околу 40%[1] и 50.8%[2] од вкупното население. Христијаните се доминантни во јужните и централните делови на Нигерија. Нигерија го има најголемото христијанско население од која било африканска држава, односно над 80 милиони Христијани.[2] Во 1953 година Христијаните биле 21.4% а во 2010 50.8%.[2] Христијаните во централните и северните делови на Нигерија се соочиваат со прогон од страна на Муслиманите, особено по воведувањето на шеријатот во некои нигериски сојузни држави.[3] Забележани се убиства, насилства и малтретирања врз Христијаните.

Католичка црква на Нигерија

[уреди | уреди извор]

Католичката црква во Нигерија има голем број свои верници. Во 2005 година се проценувало дека во Нигерија има 19 милиони крстени Католици.[4] Архибискупиите се: Абуџа, Бенин Сити, Калабар, Ибадан, Џос, Кадуна, Лагос, Онитша и Овери.[5] Црквата има над30 милиони членови во државата.[6] Кардинал од Нигерија е Франсис Аринзе.[7]

Прогон на Христијаните во Нигерија

[уреди | уреди извор]

Во северните и централните делови на земјата забележан е жесток прогон на христијанското население, особено од страна на муслиманите. Односите меѓу двете верски заедници се лоши и забележани се убивања на Христијани уште од 1999 година.[8] За време на немирите во Џос стотици лица настрадале.[9] Официјалните проценки велат дека 500 лица биле масакрирани од муслиманските банди.[10]

Во март 2010 за време на судирите меѓу верските заедници биле убиено најмалку 200 лица, повеќето Христијани. На сличен начин во 2008 година биле убиени над 300.[11] Исто така, за време на Божиќ во 2011, исламската секта Боко Харам бомбандирала католичка црква во близина на Абуџа и убиле над 30 лица. Според BBC за време на Божиќ во 2012 биле убиени 6 Хрстијани и нивната црква била запалена.[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „CIA The World Factbook - Nigeria“. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2013-11-21.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Global Christianity: Regional Distribution of Christians“. Pew Research Center. December 19, 2011. Посетено на August 11, 2013.
  3. Ismene Zarifis (2002). „Human Rights Brief: Rights of Religious Minorities in Nigeria“. Архивирано од изворникот на 23 декември 2009. Посетено на 2013-11-21.
  4. Craig Timberg, "Nigeria's Spiritual Rainmaker is Eyed at Vatican," Washington Poet, 17 April 2005, A1
  5. „Current Dioceses in Nigeria (Catholic Hierarchy)“.
  6. Timberg, Craig (2005-04-17). „Washington Post“. The Washington Post. Посетено на 2010-04-30.
  7. Carroll, Rory (2003-10-03). „The Guardian profile: Cardinal Francis Arinze“. The Guardian. London. Посетено на 2010-04-30.
  8. Malkin, Michelle (2006-02-19). „Muslims Kill Christians In Nigeria“. Michelle Malkin. Посетено на 2010-05-16.
  9. „Nigeria violence: Muslim-Christian clashes kill hundreds“. CSMonitor.com. 2010-03-08. Посетено на 2010-05-16.
  10. Clayton, Jonathan; Gledhill, Ruth (2010-03-08). „500 butchered in Nigeria killing fields“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 2011-08-30. Посетено на 2010-04-30.
  11. „Machete-wielding rioters kill 200 in Nigeria - World news - Africa“. msnbc.com. 2010-03-08. Архивирано од изворникот на 2010-03-11. Посетено на 2010-05-16.
  12. Nigeria gunmen 'kill at least six Christians' in Yobe, BBC News, 25 December 2012 [1]