Христијанството во Сомалија е малцинска религија. Доминантна религија е Исламот. Во Сомалија има околу 1.000 Христијани, а за споредба државата има околу 8 милиони луѓе.[1][2] Повеќето Христијани се Сомалиски Банту,[3] и се дел од евангелската Назаренска црква. Целата територија на Сомалија е една католичка бискупија, Бискупија во Могадишу.
Според бискупијата, во 2004 во државата има околу 100 Католици, а во 1950 имала 8.500.[4] Триесет години претходно, во 1913, во државата и речеси да немало Христијани.[5] Немало ниту католички мисии во Италијански Сомалиленд.[6]
Поради Сомалиската граѓанска војна во јужните делови на земјата, Христијаните се соочуваат со прогон, а понекогаш и со смрт. Во државата нема цркви или легална заштита на Христијаните. Забележани се подземни цркви за своите обреди.[1] Паравоените единици во државата ги пљчкосуваат и уништуваат христијанските гробови,[7] што не е случај со муслиманските.[8] Во август 2009 година, Меѓународната христијанска грижа забележала дека 4 Христијани кои помагале на деца-сираци биле обезглавени од исламски екстремисти бидејќи не сакале да станат Муслимани.[9] Сето ова, државата ја прави лабава, со најнизок индекс на демократија, верска слобода и почитување на основните човекови права.
|journal=
(help)
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|