Хромобелковините (хромопротеини или хромопротеиди) се сложени белковини (протеиди) чија простетична група е некој пигмент (оттука и името, бидејќи хромос на грчки значи боја). Најраспространетите хромобелковини имаат простетична група која претставува обоено комплексно соединение на железото со порфиринот, кое се нарекува хем. Овие хромобелковини се нарекуваат и хембелковини.
Хембелковините се физиолошки многу активни. Во оваа група спаѓа хемоглобинот од кој потекнува црвената боја на еритроцитите и кој го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата, потоа внатреклеточните пигменти (цитохроми), кои ги пренесуваат електроните во текот на биолошките оксидации, како и цела низа на ензими кои ги катализираат редокс реакциите.
Железото во хемот може да биде двовалентно (ферохем или само хем), тровалентно (ферихем или хемин), а може и повратно да преминува од двовалентна во тровалентна состојба. Според валентноста на железото, се разликуваат следните порфиринобелковини:
Физиолошката активност на наведените хембелковини зависи од белковинските делови. Наведените хембелковини се разликуваат по специфичната структура на белковинските компоненти, која ја одредува физиолошката активност, а простетичната група е иста (хем или хемин) или слични структури.