Хуан Кабал | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Хуан Давид Кабал Муриљо | ||
Роден на | 8 јануари 2001 | ||
Роден во | Кали, Колумбија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,86||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 32 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2019-2022 |
![]() | 45 | (1) |
2022-2024 |
![]() | 33 | (0) |
2024- |
![]() | 4 | (0) |
Репрезентација | |||
2019 |
![]() | 1 | (0) |
2024- |
![]() | 2 | (0) |
Хуан Давид Кабал Муриљо (роден на 8 јануари 2001 во Кали) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на колумбиската репрезентација.
Левоног играч, кој и покрај тоа што игра како централен дефанзивец, честопати има тенденција да оди напред и да нафрли: поради оваа причина, тој може да се користи и како лев бек.[1][2] Опремен е со добра брзина и покрај импозантната големина, но освен тоа, тој е агресивен, вешт во изнесувањето на топката и во играта во воздухот.[2]
Започнал да игра фудбал во екипата на Атлетико Насионал, растејќи во младински сектор на клубот. За првиот тим дебитирал на 14 јули 2019 година, играјќи како стартер во натпреварот од колумбиското првенство против Онсе Калдас, кој завршил со победа на неговата екипа од 1-2. Во 2021 година, со клубот го освоил првиот трофеј во кариерата, Купот на Колумбија.[3]
На 20 август 2022 година, Кабал потпишал за клубот од италијанската Серија А, Верона.[4] На 11 септември, тој го направи своето деби со Верона во поразот од 2-0 од Лацио, заменувајќи го Федерико Чекерини во второто полувреме. Во првата сезона, тој одиграл само 12 натпревари како резервна опција за позицијата централен дефанзивец во одбранбената тројка.[5] Во втората сезона, со доаѓањето на новиот тренер Марко Барони, тој станал регуларен стартер на позицијата лев бек, забележувајќи неколку импресивни настапи. Вкупно за Верона одиграл 34 натпревари.
На 18 јули 2024 година, Кабал потпишал за Јувентус, во трансфер вреден 12,8 милиони евра.[6]
Кабал играл за младите репрезентации на Колумбија под 18 и под 20 години.[7]
На 15 март 2024 година, за првпат бил повикан во сениорската репрезентација како замена за повредениот Јери Мина.[8][9] Дебитирал на 10 септември 2024, во успехот со 2-1 против Аргентина во квалификациите за Светското првенство 2026.[10]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Колумбија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
10-9-2024 | Баранкиља | Колумбија ![]() |
2 – 1 | ![]() |
Квал. за СП 2026 | - | ![]() |
|
15-10-2024 | Баранкиља | Колумбија ![]() |
4 – 0 | ![]() |
Квал. за СП 2026 | - | ![]() |
|
Вкупно | Настапи | 2 | Голови | 0 |
Статистиката е ажурирана на 21 октомври 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2019 | ![]() |
А | 8 | 0 | КК | 1 | 0 | КЛ+КС | 0 | 0 | - | - | - | 9 | 0 |
2020 | А | 1 | 0 | КК | 1 | 0 | КС | 0 | 0 | - | - | - | 2 | 0 | |
2021 | А | 13 | 0 | КК | 1 | 0 | КЛ | 0 | 0 | - | - | - | 14 | 0 | |
јан.-авг. 2022 | А | 23 | 1 | КК | 2 | 0 | КЛ | 0 | 0 | - | - | - | 25 | 1 | |
Вкупно Атлетико Насионал | 45 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | - | - | 50 | 1 | |||||
авг. 2022-2023 | ![]() |
А | 11+1[11] | 0 | КИ | - | - | - | - | - | - | - | - | 12 | 0 |
2023-2024 | А | 22 | 0 | КИ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 22 | 0 | |
Вкупно Верона | 33+1 | 0 | 0 | 0 | - | - | - | - | 34 | 0 | |||||
2024-2025 | ![]() |
А | 4 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | СИ+Скп | 0 | 0 | 4 | 0 |
Вкупно во кариера | 83 | 1 | 5 | 0 | 0 | 0 | - | - | 88 | 1 |
|titolo=
(се препорачува |title=
) (help); Отсутно или празно |title=
(help)
|dead-link=
(help); Занемарен непознатиот параметар |data=
(се препорачува |date=
) (help)
|data=
(се препорачува |date=
) (help)
![]() |
„Хуан Кабал“ на Ризницата ? |
|