Хукам (пенџапски: ਹੁਕਮਿ / حکم) ― пенџапски збор изведен од арапскиот збор хукм, што значи „заповед“ или „божествен ред“.[1] Во сикизмот, Хукам ја претставува целта да се биде во хармонија со волјата Божја и на тој начин да биде постигнат внатрешен мир. Таа, исто така ја означува практиката да биде отворано по случаен избор на страница во Писмото на Сиките (Гуру грант сахиб) за да се добие Божјото водство за тоа како да се справи со одредена ситуација, како одговор на прашање или како поопшто водство за тој ден.[2] Оваа церемонија е позната и како вак.[2]
Vak: The verse read out every day when the Guru Granth Sahib is opened at random. It is also called hukam.