Хунза (кнежевство)

Оваа статија е за поранешното кнежевство Хунза, за главната статија види долината на Хунзите
Хунза
кнежевство на Пакистан
XV век–25 септември 1974

Знаме на Хунза

Знаме

Главен град Балтит (Каримабад)
Историја
 -  Основана XV век
 -  Укината 25 септември 1974
Површина 10.101 км2

Хунза (урду: ہنزہ) — поранешно кнжество во најсеверниот дел на северните предели на Пакистан, кое постоело до 1974 година. Се граничело со Гилгитската Управа на југ, поранешното кнежевство Нагар на исток, Кина на север и Авганистан на северозапад. Главен град бил Балтит (исто така познат како Каримабад). Повржината на Хунза сега го образува Алијабадскиот техсил на регионот Гилгит. Хунза заедно со Нагар, Гилгит и Балтистан од страна на Индија се сметаат како дел од земјата Џаму и Кашмир.

Историја

[уреди | уреди извор]
Хунза Раџа од E. F. Knight (1891)

Британците го задржале статусот на Хунза како кнежевство до 1947 Година. Според Хабиб Р. Сулемани, луѓето на Хунза ги предводел локален Мир за повеќе од 900 години, сè до 1974.

Иако никогаш не била владеена директно од соседниот Кашмир, Хунза бил вазал на Кашмир од времето на Махараџа од Џаму и Кашмир. Мировите на Хунза праќале годишен данок на Кашмир, Дубар до 1947, и заедно со владетелот на Нагар, се сметало дека се меѓу најлојалните вазали на Махараџата од Кашмир.

Приклучување кон Пакистан

[уреди | уреди извор]

На 3 ноември 1947 г. владетелот, Мохмед Џамал Кан праќа телеграма до Мохамед Али Џина во која се согласува да ја припои својата држава кон Пакистан.[1] It stated:

Демографија

[уреди | уреди извор]

Повеќето од народот на Хунза се муслимани. Локалниот јазик е Брушуски, иако Urdu и Англиски се широко разбирливи.

Хунзите (Бурушите) тврдат дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Бурушо воопшто немаат азијатски одлики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето и лавот. Јазикот на Хунзите (Бурушо) се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Jinnah Papers The states: Historical and Policy Perspectives and Accession to Pakistan, First series volume VIII, Editor: Z.H.Zaidi, Quaid-i-Azam Papers Project, Government of Pakistan 2003 Pg 113

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]