Хусаро во јули 2009 | |
Географија | |
---|---|
Место | Стокхолмски Архипелаг, Балтичко Море |
Координати | 59°30′20″N 18°50′50″E / 59.50556°N 18.84722°E |
Површина | 1,48 км2 |
Должина | 2,4 км |
Држава | |
Округ | Стокхолм |
Општина | Јостерокер |
Демографија | |
Население | 29 (2013) |
Хусаро е остров во Стокхолмскиот Архипелаг, североисточно од Стокхолм и јужно од Нортеље.
Островот Хусаро бил, од 15-от век па сè до 1912 година, место каде била сместена пилот станицата – од тука тргнувале т.н. пилот бродчиња кои ги спроведувале големите бродови низ каналите и опасните места на архипелагот. Во 1912 година оваа станица била затворена, а на островот денес постои мал пилот музеј.
Во 1719 година, за време на Големата северна војна, Русите го запалиле местото и голем дел од шумата на островот. Во мај 2006 година изгорела продавницата на островот.[1][2]
Има ферибот служба на островот, а патувањето трае околу два и пол часа до центарот на Стокохолм.
Бродска компанија (шведски: Waxholmsbolaget) која е во сопственост на Стокхолмскиот округ го поврзува Хусаро со Стремкајен, а има и туристички бродови (Cinderellabåtarna) кои тргнуваат од центарот (Strandvägen) на Стокхолм.[3]