Хутово Блато

Хутово Блато
МСЗП — Категорија III (споменик на природата)
Кристална чиста, студена вода од оваа невообичаена мочвара, , Национален парк Хутово Блато, Босна и Херцеговина.
МестоХерцеговско-неретвански Кантон, Босна и Херцеговина
Координати43°04′N 17°47′E / 43.06° СГШ; 17.79° ИГД / 43.06; 17.79
Површина74,11 km2 (28,61 sq mi)
Воспоставен(а)1995
ИзвршителЈавно претпријатие Хутово Блато
Мрежна страницаHutovo Blato Nature Park

Хутово Блаторезерват на природата и птичји резерват во Босна и Херцеговина. Првенствено се состои од мочуришта создадени од системот подземни води на реката Крупа. Се напојува од варовничкиот масив Острво кој ги дели Деранско и Свитавско Езеро.[1]

Резерватот се наоѓа на списокот на важни птичји подрачја на „Бердлајф интернешенел“. Тој е најголемиот резерват од ваков вид во регионот, како во големина така и во разновидност. Дом е на повеќе од 240 вида преселнти птици и десетици со постојан дом во субмедитеранското моклишка околина на Деранско Езеро.[2] Во сезона на преселба, десетици илјади птици го полнат езерото и неговата околина.

Моклиште

[уреди | уреди извор]
Реката Крупа во Националниот парк Хутово Благо, Босна и Херцеговина.

Долината долж последните 30 километри од реката Неретва, како и самата река, содржат извонреден предел. Низводно од вливот на нејзините притоки, реките Требижат и Брегава, долината се шири во алувијален стожец кој покрива 20.000 хектари. Горната долина, која опфаќа 7.411 хектари, во Босна и Херцеговина, се вика Хутово Блато.

Рамсарска локација

[уреди | уреди извор]

Делтата на Неретва била признаена за рамсарска локација во 1992 година, а Хутовото Блато во 2001. Двете подрачја формираат интегрална рамсарска локација која е природен ентитет поделен со државна граница.[3]

Важна програма за птичјите подрачја, која ја води Бердлајф интернешенел, ги покрива заштитените подрачја во Хрватска и Босна и Херцеговина.[4]

Национален парк Хутово Блато

[уреди | уреди извор]
Парк на природата „Хутово Блато“

Од 1995 година, Хутово Блато е заштитено како Парк на природата Хутово Блато[5][6] и истото е во надлежност на јавно претпријатие. Целото подрачје е добро заштитено од човечкото влијание и функционира како важен хабитат за многу билки и животни.[4] Историското место Стара тврдина Хутово Блато се наоѓа во подрачјето на паркот на природата.

Паркот на природата "Хутово Блато" се наоѓа во југозападниот дел на Босна и Херцеговина, 30 км од градот Мостар и блиску до хрватската граница. Се протега на површина од околу 7.411 хектари и претставува еден од најбогатите моклишки резервати во Европа. До 1995 година, кога била основано кантоналното заштитено подрачје, Хутово Блато било познато главно по ловниот и риболовниот туризам. Секоја зима над 200 вида птици го наоѓаат своето засолниште во оваа недопрена природа.[7]

Посетителите може да уживаат во одмор, рекреативни активности во природата, спортски риболов, велосипедизам и главната туристичка атракција - фото сафари.

Мочуриштето Хутово Блато

Горно Блато – Деранско Езеро

[уреди | уреди извор]

Тоа е делот од паркот кој го задржал својот изворен облик и скоро недопрена природа.

Горно Блато – Деранско Езеро се напојува од карстни водни извори од реката Требишница, која извира во близина на околните ридишта. Таа хидрогеолошки е поврзана со реката Неретва преку реката Крупа во која таа се влева, формирана од 5 езера (Шкрка, Дерања, Јелим, Орах, Дријен) и од големи делови кои се постојано поплавени, исто така изолирани со широки површини со дрвја и трски, па претставува најинтересното заштитено подрачје.[8]

Долно Блато – Свитавско Езеро

[уреди | уреди извор]
Долно Блато – Свитавско Езеро

Река Крупа

[уреди | уреди извор]

Реката Крупа е лева притока на Неретва и главен воден тек на Хутово Блато, кој ги води водите од Деранско и Свитавско Езеро во реката Неретва. Крупа е долга 9 km со просечна длабочина од 5 метри. Крупа нема извор, туку се излева од Деранското Езеро. Исто така, Крупа е единствена река во Европа, бидејќи таа тече во двете насоки. Таа тече „нормално“ од „изворот“ кон устието и обратно, од устието кон „изворот“. Тоа се случува, заради нивото на водата и големата количина вода, Неретва ја „турка“ Крупа во спротивна насока.[9]

Реката Крупа

Список на регистрирани видови на 13 април 2001:[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2019-04-04.
  2. 2,0 2,1 „PTICE.NET :: Portal ljubitelja ptica i prirode (dpDocs)“. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2019-04-04.
  3. „Transboundary management of the lower Neretva valley – background“. Ramsar Convention on Wetlands. Архивирано од изворникот на 2008-05-03. Посетено на 2009-03-12.
  4. 4,0 4,1 „Neretva Delta“. Transboundary Cooperation Through the Management of Shared Natural Resources. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2009-03-10.
  5. Hutovo Blato Nature Park
  6. „Hutovo Blato Nature Park – Network of Adriatic Parks“. Network of Adriatic Parks. Архивирано од изворникот на 2 март 2009. Посетено на 17 март 2009.
  7. „Hutovo Blato – NAP – Network of Adriatic Parks“. NAP – Network of Adriatic Parks. Архивирано од изворникот на 2 март 2009. Посетено на 19 март 2009.
  8. „Gornje-Deransko Blato – Hutovo Blato – NAP – Network of Adriatic Parks“. NAP – Network of Adriatic Parks. Посетено на 2009-03-19.[мртва врска]
  9. „Krupa river & Hutovo Blato – NAP – Network of Adriatic Parks“. NAP – Network of Adriatic Parks. Посетено на 2009-03-19.[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]