Хју Далас (роден на 26 октомври 1957 во Алантон) е пензиониран фудбалски судија. Тој судел на Светското првенство 1998 година како и на Светското првенство во фудбал 2002, каде бил назначен за четврти судија во финалето. Тој исто така судел и на Летните олимписки игри во Атланта 1996, во финалето на Купот на УЕФА 1999 и голем број на натпревари од Лигата на шампионите.
Од јуни 2009 до ноември 2010 тој бил делегат на судиите во Шкотската фудбалска асоцијација.[1]
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |