Царско Величество (Негово/Нејзино Царско Величество, крат. НЦВ) е начин на обраќање кон цар или царица (император или императорка). Ова ословување се користи за да се различи статусот на цар од статусот на крал, кој едноставно се ословува со Величество (НВ).
Денес ова ословување е изумрено насекаде, освен при обраќање кон царот и царицата на Јапонија (јапонски: 陛下, heika).
Владеачки монарси: Апостолско Величество (АВ) • Негова Светост (НС) • Царско и Кралско Величество (НЦ&КВ) • Царско Величество (НЦВ) • Величество (НВ) • Католичко Величество (HCM) • Најхристијанско Величество (НХВ) • Најверно Величество (ННВ) • Кралско Височество (НКВ) • Височество (НВ) • Светло Височество (НСВ)
Членови на кралски семејства: Царско и Кралско Височество (НЦ&КВ) • Царско Височество (НЦВ) • Кралско Височество (НКВ) • Велекнежевско Височество (НВВ) • Височество (НВ) • Светло Височество (НСВ) • Сјајно Височество (НСј.В)