Цел за одржлив развој 14 (скратено ЦОР 14) — четиринаесетта од Целите за одржлив развој на Обединетите нации донесени во 2015 година којашто има за цел создавање „одржливи океани“. Официјалниот текст гласи „да се зачуваат океаните, морињата и морските ресурси и да се обезбеди нивно одржливо користење со цел постигнување одржлив развој“.[1][2] Целта има 10 потцели коишто треба да бидат постигнати до 2030 година, а напредокот кон постигнувањето на секоја од нив се мери со помош на по еден показател.
Според извештајот за напредокот кон исполнувањето на Целите за одржлив развој објавен во 2020 година, тековните напори за заштита на океаните, приморските средини и малообемниот риболов не ги задоволуваат барањата за заштита на овие важни ресурси.[3]