Целерот во прав е сушен, мелен концентрат подготвен од свеж целер кој се користи како зачин и како конзерванс за храна во органските месни производи. Постојат неколку комерцијални препарати, а може да се направат и со помош на дехидратор за храна. Некои прашоци од целер се подготвуваат од сок од целер.[1]
Целерот во прав се добива со собирање на листовите од целер и нивно транспортирање до фабрика за преработка каде што првично тие темелно се мијат и проверуваат. Исчистениот целер потоа ситно се сечка, се бланшира и се дели на сок и цврсти материи. Сокот се пастеризира, се концентрира, се лади, се замрзнува и се складира. По проверка на контролата на квалитетот, замрзнатиот сок повторно се пастеризира и се суши со помош на вакуум. Финалниот производ потоа се проверува, се затвора со правосмукалка во кеси обложени со фолија и се пакува.[2]
Целерот во прав содржи значителна количина на природни нитрати и често се третира со бактериски култури за да се произведе нитрит.[1][3][4][5] Во Соединетите Држави, преработениот прав од целер понекогаш се користи како средство за конзервирање месо во органски месни производи, што е дозволено според регулативите на Министерството за земјоделство на САД бидејќи нитратот/нитритот природно се појавува.[3] Регулативите на Министерството не дозволуваат вештачки додадени нитрати или нитрити да се користат директно во органски прехранбени производи.[3] Месото кое што е преработено со целер во прав вклучува сувомесни производи како што се виршлите и сланината.[6][7] Целерот во прав подготвен од сок од целер се покажал дека има содржина на нитрати од приближно 2,75%.[1]