Церебралниот васкулитис (понекогаш се користи зборот ангиитис наместо „васкулитис“) е васкулитис (воспаление на ѕидот на крвните садови) што го зафаќа мозокот, а понекогаш и ’рбетниот мозок.[1] Ги зафаќа сите крвни садови: многу мали крвни садови (капилари), крвни садови со средна големина (артериоли и венули) или големи крвни садови (артерии и вени). Ако протокот на крв во крвен сад зафатен од васкулитис се намали или запре, деловите од телото кои примаат крв од тој крвен сад почнуваат да изумираат. Тоа може да предизвика широк спектар на невролошки симптоми, како што се главоболка, осип на кожата, чувство на многу умор, болки во зглобовите, тешкотии при движење или координација на дел од телото, промени во сензацијата и промени во перцепцијата, мислата или однесувањето, како и феномени на масовна лезија во мозокот што доведува до кома и хернијација. Некои од знаците на церебралниот васкулитис може да наликуваат на мултиплекс склероза.[2] 10% од засегнатите имаат крварење во мозокот поврзано со оваа состојба.[3]
За „примарен“ васкулитис на централниот нервен систем станува збор во случај кога не постои основна причина. Точниот механизам на примарната болест е непознат, но основниот механизам на сите васкулити е патолошки автоимунитет. Други можни секундарни причини за церебрален васкулитис се инфекции, системски автоимуни болести како што се системски лупус еритематозус (СЛЕ) и ревматоиден артритис, лекови (амфетамин, кокаин и хероин), некои форми на рак (лимфоми, леукемија и рак на белите дробови) и други форми на системски васкулитис како што се грануломатоза со полиангиитис (по старо: Вегенерова грануломатоза), полиартеритис нодоза или Бехчетова болест. Оваа состојба може да имитира, но и да биде имитирана од голем број други болести кои дифузно влијаат на крвните садови на мозокот, како што се фибромускулна дисплазија и тромботична тромбоцитопенична пурпура.[3]
За дијагнозата често се потребни церебрална ангиографија и магнетна резонанца, семејна историја на заболувања, симптоми, целосен физички преглед како и биопсија на мозокот. Исто така, мора да се направат многу лабораториски тестови за дијагноза; тестовите може да покажат анемија (недостаток на црвени крвни зрнца), висок број на бели крвни клетки, висок број на тромбоцити, алергиски реакции, имуни комплекси, антитела и покачување на воспалителни маркери.[4] Друг клучен дел во дијагнозата на церебралниот васкулитис е употребата на техники за снимање. Техники како што се конвенционалната дигитална субтракциона ангиографија (ДСА) и магнетна резонанца (МРТ) се користат за пронаоѓање и следење на церебралната инволвираност.
Прво се дава третман со гликокортикоиди. Потоа, доколку симптомите не се подобрат, се дава дополнителна имуносупресија како што е циклофосфамид за да се намали нападот на имунолошкиот систем врз сопствените ткива на телото.[3] Церебралниот васкулитис е многу ретка состојба која е тешка да се дијагностицира, а како резултат на тоа постојат значителни варијации во начинот на кој се дијагностицира и третира.[5]
(Исто така познат како Arteriitis temporalis)
Мора да бидат исполнети три или повеќе од следните пет критериуми:
Започнува со неспецифични симптоми како што се:
Мора да бидат исполнети три или повеќе од следните шест критериуми:
Потребни се три или повеќе од следните десет критериуми:
(по старо: Вегенерова грануломатоза)
Потребни се два или повеќе од следните четири критериуми:
<ref>
; називот „Rehman“ е зададен повеќепати со различна содржина.