Цирокумулус флокус (Cirrocumulus floccus) ― вид на цирокумулусен облак. Името cirrocumulus floccus потекнува од латински, што значи „прамен од волна“.[1] Цирокумулус флокус се појавува како мали прамени облаци со заоблени глави, но парталави заднини. Облакот може да произведе вирга, врнежи што испаруваат пред да стигнат до земјата.[2] Како и цирокумулус кастеланус, цирокумулус флокус е показател за атмосферска нестабилност на ниво на облак.[3] Всушност, цирокумулус флокус може да се создаде од цирокумулус кастеланус, што е еволутивна состојба откако основата на првобитниот облак се распаднала.[4]
↑Callanan, Martin. „Cirrocumulus floccus“. International Cloud Atlas. nephology.eu. Архивирано од изворникот на 2020-12-30. Посетено на 24 август 2021.
↑American Meteorological Society. „floccus“. Glossary of Meteorology. Архивирано од изворникот на 31 декември 2004. Посетено на 24 август 2021.