Црвениот крст на Мали ( француски: Croix-Rouge Malienne) бил основан во 1965 година врз основа на Женевските конвенции на август 1949 година и наредбата на 59 PCG 28 март 1959 година кои управуваат со здруженија и невладини организации во Република Мали. Седиштето е во Бамако. Примарната цел на Црвениот крст на Мали е да обезбеди помош за луѓето кои страдаат од комбинираните ефекти на вооружените конфликти, да ја промовира исхраната и здравјето и да обезбеди помош за време на недостиг на храна. Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина го признала Црвениот крст на Мали на 14 септември 1967 година, како 109 национално друштво на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
На 8 февруари 2014 година, пет хуманитарни работници од Мали, од кои четворица биле работници на Црвениот крст на Мали, биле пријавени за исчезнати од страна на Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Наводно, хуманитарните работници патувале на пат меѓу северните градови Кидал и Гао во Северно Мали пред нивното исчезнување. Киднапирањата довеле до привремена забрана на движењето на членовите на персоналот на Црвениот крст на Мали во северниот регион. На 11 февруари, исламистичка милитантна група, Движењето за единство и џихад во Западна Африка, превзела одговорност за киднапирањето на петте работници од Мали. На 17 април 2014 година, во соопштението на Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина со седиште во Бамако, било објавено дека киднапираните работници на Црвениот крст биле ослободени за време на тајна воена операција спроведена од француските воени сили. Двајца од работниците се здобиле со полесни повреди. Останатите тројца останале неповредени.
Првиот случај на заболување од вирусот ебола во Мали бил откриен во октомври 2014 година. Како одговор, Црвениот крст на Мали во соработка со Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина и други здравствени организации низ Мали започнале операција против вирусот со цел да се борат и да ја спречат можноста од ширење на еболата. Со само осум случаи кои резултирале со шест смртни случаи, одговорот бил релативно успешен. Мали беше прогласен без ебола на 18 јануари 2015 година.
Во 2014 година, Црвениот крст на Мали дистрибуирал над 15.000 тони храна, обезбедил пристап до вода за пиење за 240.000 луѓе и обезбедил 4.100 посети на затворениците.
http://www.ifrc.org/en/what-we-do/where-we-work/africa/mali-red-cross/
https://www.nytimes.com/2012/03/17/world/africa/mali-red-cross-appeals-for-help.html? _r=0
https://news.vice.com/article/militants-claim-of-mali-red-cross-kidnapping-signals-resurgence
https://www.icrc.org/en/where-we-work/africa/mali
https://www.icrc.org/eng/resources/documents/news-release/2014/04-17-mali-icrc-team-released.htm