Црква „Св. Севастијан“ (Манила)

Црква „Св. Севастијан“
Мала базилика „Св. Севастијан и архиепископски храм на Богородица Кармилска“
  • Basilika Minor ng San Sebastian at Arkdyosis Dambana ng Mahal na Birhen ng Bundok na Carmelo   (филипински)
  • Basílica Minore de San Sebastián y Santuario Archidiócesis de Nuestra Señora de Monte Carmelo   (шпански)
Челната фасада во април 2023 година
Карта
14°35′59″N 120°59′21″E / 14.59972° СГШ; 120.98917° ИГД / 14.59972; 120.98917
МестоКијапо, Манила
ЗемјаФилипини
ВероисповедРимокатолицизам
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Историја
Основана1621; пред 402 години (1621)
Посветена наСвети Севастијан и Богородица Кармилска
Осветенаавгуст 15, 1891; пред 133 години (1891-08-15)
Архитектура
СтатусМала базилика
Службен статусАктивна
Културнонаследна категоријаНационално културно богатство
Прогласенаавгуст 15 2011 (2011-08-15)
Архитект(и)Д. Хенаро Паласиос и Гера
Архит. типБазилика
СтилНовоготски
Удрен темел1888; пред 135 години (1888)
Завршенаавгуст 15, 1891; пред 133 години (1891-08-15)
Физички особености
Сводови1
Висина на сводот (надворешна)12 метарs (39 ст)
Кули2
Висина на кулата32 метарs (105 ст)
Шилести покриви64
МатеријалиЧелик, мешан песок, чакал и цемент
Управа
ПарохијаСв. Севастијан
Деканат„Св. Јован де Трозо“[1]
АрхиепископијаМанила
Свештенство
РекторПречесен фратар Едгар П. Тубио, РАС

Мала базилика „Св. Севастијан и архиепископски храм на Пресвета Богородица Кармилска или базилика „Св. Севастијан“, ― мала базилика на Римокатоличката црква во Манила, Филипини.

Завршена во 1891 година, црквата „Св. Севастијан“ е позната по својата архитектура. Пример за неоготска архитектура на Филипините, таа е единствената црква со челична градба на Филипините.[2][3] Била означена како Национално историско обележје во 1973 година[4] и како национално културно богатство во 2011 година.[5]

Црквата „Св. Севастијан“ е под грижа на Редот на Августинските реколекти, кои исто така управуваат со Колеџот „Св. Севастијан-реколекти“ во непосредна близина на базиликата. Се наоѓа на плоштадот „Кармен“, на источниот крај на авенијата „Ректо“, во Кијапо, Манила.[6]

Историја

[уреди | уреди извор]
Базиликата „Св. Севастијан“ во изградба во 1890 година.
Базиликата, околу пред 1900 година.

Во 1621 година, Бернардино Кастиљо, дарежлив покровител и приврзаник на римскиот маченик Св. Севастијан од 3 век, ја подарил земјата на која стои црквата. Првичната структура, направена од дрво, изгорела во 1651 година за време на Востанието на филипинските Кинези. Последователните градби, кои биле изградени од тули, биле уништени од пожар и земјотреси во 1859, 1863 и 1880 година.[6]

Во 1880-тите, Естебан Мартинез, парохискиот свештеник на срушената црква, му пришол на шпанскиот архитект Хенаро Паласиос за да изгради црква што би ги издржувала земјотресите. Паласиос планирал да изгради градба отпорна на пожар и земјотреси целосно изработена од челик. Тој го завршил дизајнот што го споил Земјотресниот барок со неоготскиот стил.[6] Неговиот последен дизајн се вели дека бил вдахнат од познатата Бургоска готска катедрала во Бургос, Шпанија.[6]

Монтажните челични делови кои ја сочинуваат црквата биле произведени во Бенш, Белгија.[2] Според историчарот Амбет Окампо, челичните делови биле нарачани од Анонимното друштво на претпријатијата за јавни работи (Societe anonyme des Enterprises de Travaux Publiques) во Брисел.[7] Севкупно, 52 тони (51 долг тон; 57 кратки тони) префабрикувани челични делови биле пренесени во осум одделни пратки од Белгија до Филипините, првата пратка пристигнала во 1888 година.[6] Белгиски инженери го надгледувале составувањето на црквата, чиј прв столб бил подигнат на 11 септември 1890 година.[8] Ѕидовите биле исполнети со мешан песок, чакал и цемент.[4] Витражите биле увезени од Хајнрих Ојтман Компанија, германска фирма за витражи, додека месните занаетчии помагале во примената на завршните работи.[2]

Црквата била подигната на статус на мала базилика од папата Лав XIII на 24 јуни 1890 година.[4] По нејзиното завршување следната година, на 15 август 1891 година, Малата базилика „Св. Севастијан“ била осветена од Бернардино Нозаледа и Вила ОП, 25-тиот архиепископ од Манила.[4]

Според Хесус Пастор Палома, свештеник од Августин, градбата требала да има и монтажен олтар „ретабло“ (reredos), кој бил изгубен во морето кога бродот што го превезувал од Белгија потонал во бура. Наместо него, месно било направен дрвен олтар. Палома, исто така, истакнала дека долниот дел од црквата е дизајниран да личи на трупот на бродот, така што би се нишал при земјотрес.[9]

Зачувување и возобновување

[уреди | уреди извор]
Историската ознака за црквата, доделен од Националниот историски одбор.

Во последниве години, црквата „Св. Севастијан“ наишла на закани за нејзиниот структурен интегритет. Челичната градба е опфатена од ’рѓа и корозија поради морските ветришта од блискиот Манилски Залив.[10] Државното финансирање и било доделено на црквата преку Националниот историски институт кој го презел возобновувањето во 1982 година. Заедницата на реколекти исто така потрошила средства за одржување и возобновување на црквата.[2] Во 1998 година, била ставен на двегодишниот список за набљудување на 100 најзагрозени места од страна на Светскиот фонд за споменици, иако не била задржана во следните списоци за следење.[11]

Црквата повторно била наведена како еден од најзагрозените споменици во светот од страна на Светскиот фонд за споменици во Светскиот часовник на спомениците 2010 година, заедно со Оризните тераси на Филипините Кордиљери и црквата „Св. Марија (Богородица)“. Сите места биле отстранети од списокот во 2011 година по усвојувањето на Законот за национално културно наследство.[12]

Архитектура

[уреди | уреди извор]
Витражот „Исус меѓу учителите“, произведен во Германија од Хајнрих Ојтман Компанија

Црквата „Св. Севастијан“ има две ажурни (отворени) кули и челичен свод. Од нејзиниот под, наосот на базиликата се издигал 12 метри до куполата и 32 метри до врвот на кулите близнаци.[4]

Внатрешноста на црквата со вештачка завршна обработка[5] вклучува сводови со препони во готска архитектура што дозволува многу доволно осветлување од страничните прозорци.[2] Челичните столбови, ѕидови и таван биле насликани од Лоренцо Роча, Изабело Тампингко и Феликс Мартинез[5] за да дадат изглед на мермер и јаспис.[2] Околажните (француски: Trompe-l'œil) слики со светци и маченици од уметникот Роча биле користени за украсување на внатрешноста на црквата.[5][7] Верни на неоготскиот дух на црквата се нејзините исповедници, амвон, олтари и пет ретабло дизајнирани од Лоренцо Гереро[13] и Роча. Вајарот Еузебио Гарсија издлабил статуи на свети мажи и жени.[14] За црквата биле изградени шест фонтови за света вода, секој направен од мермер добиен од Ромблон.[15]

Над главниот олтар се наоѓа статуата на Пресвета Богородица Кармилска од слонова коска, дадена на црквата од страна Кармилските сестри од градот Мексико во 1617 година.[4] Сликата ги издржала сите земјотреси и пожари кои ги уништиле претходните инкарнации на црквата „Св. Севастијан“, но нејзината глава од слонова коска била украдена во 1975 година.[4]

Околажни мурали на кармилските светци во куполниот толобат.
Таванот на црквата, покажувајќи ги кружните сводови
Поглед на главниот олтар

Културни и историски признанија

[уреди | уреди извор]
Историската ознака за црквата, доделен од Националниот историски одбор.

Црквата „Св. Севастијан“ била прогласена за национална историска знаменитост од страна на претседателот Фердинанд Маркос преку Претседателскиот декрет бр. 260 на 1 август 1973 година.[2][16] Потоа, црквата била прогласена за национално културно богатство од Националниот музеј на Филипините на 15 август 2011 година, со откривањето на маркерот на 20 јануари 2012 година.[5]

На 16 мај 2006 година, црквата „Св. Севастијан“ била вклучена од страна на Националниот историски институт (сега Национална историска комисија на Филипините) во список на Филипините за можно назначување како место на светско наследство, поради нејзиното архитектонско и историско наследство.[2] Од 2017 година, црквата повеќе не е вклучена во Привремениот/пробен список.

Проблеми со повторното вклучување на УНЕСКО

[уреди | уреди извор]

На 1 октомври 2018 година, било откриено дека триесет и едно-катната станбена зграда на Самитхоум Риалти Корпорација, е планирана да биде изградена покрај историската црква „Св. Севастијан“, што негативно влијаело на можното повторно вклучување на местото во пробниот список на УНЕСКО бидејќи областа околу црквата е составен дел на црковното местото како „тампон зона“. Местото, првата и единствена целосно челична црква во Азија, порано била на пробниот список на УНЕСКО, но била отстранета во 2015 година поради структурно распаѓање. За повторно да се воспостави интегритетот на градбата и повторно да се вклучи во пробниот список, таа била подложена на масовна програма за возобновување, која конзерваторите ја навеле како огромен успех. Сепак, со заканата од високата зграда, вклучувањето на градбата во списокот на УНЕСКО е мрачно. Самитхоум можел да добие дозвола за градање градски четврт (т.н. барангај) за поддршка на нивното барање за градежна дозвола од месниот барангајски претседател, без првично информирани водачите на градбата.[17]

Наводна вмешаност на Густав Ајфел

[уреди | уреди извор]

Долго време се верувало дека Густав Ајфел, францускиот инженер зад Ајфеловата кула и челичната конструкција во рамките на Статуата на слободата, бил вклучен во дизајнот и изградбата на „Св. Севастијан“, но тоа никогаш не било потврдено.[3][7][10] Сепак, подоцна било потврдено дека Ајфел бил вклучен во дизајнирањето и снабдувањето на металната рамка за црквата „Св. Игнатиј“ во Интрамурос, со што се потврдува придонесот на Ајфел во филипинската црковна архитектура, ако не и во црквата „Св. Севастијан“.[18]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Vicariate of Jose de Trozo“. Roman Catholic Archdiocese of Manila. Посетено на 15 јануари 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „San Sebastian Church“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот на 2015-03-23. Посетено на 15 јануари 2024.
  3. 3,0 3,1 Layug (2007), стр. 88.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Layug (2007), стр. 88
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „San Sebastian Basilica Tagged National Cultural Treasure“. Official Website of the Province of Saint Ezekiel Moreno, Order of Augustinian Recollects. 3 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 7 септември 2014. Посетено на 15 јануари 2024.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Layug (2007), стр. 87
  7. 7,0 7,1 7,2 De Jesus, Findelle (n.d.). „The San Sebastian Church – Gustave Eiffel's Church in the Philippines“. Artes de las Filipinas: A Website in Honor of Philippine Arts and Antiquities. Архивирано од изворникот на 22 мај 2008. Посетено на 15 јануари 2024.
  8. Layug (2007), стр. 87–88
  9. Layug, Benjie (19 март 2022). „Minor Basilica of San Sebastian (Manila)“. benjielayug.com. Посетено на 15 јануари 2024.
  10. 10,0 10,1 Severino, Howie (30 мај 2006). „An Eiffel in Quiapo“. Howie Severino's Sidetrip. GMA Network. Архивирано од изворникот на 4 октомври 2011. Посетено на 15 јануари 2024.
  11. „San Sebastian Basilica“. World Monuments Fund (англиски). Посетено на 15 јануари 2024.
  12. Villalon, Augusto F. (9 ноември 2009). „3 Philippine Monuments Land in Global Endangered List“. Philippine Daily Inquirer – преку PressReader.com.
  13. Trota José, Regalado (1990). Images of Faith: Religious Ivory Carvings from the Philippines. Pasadena: Pacific Asia Museum. стр. 27.
  14. Layug (2007), стр. 88–89
  15. Adams, George I. (1909). „The Marble and Schist Formations of Romblon Island“. The Philippine Journal of Science (Editorial). 4A (1): 88.
  16. „Presidential Decree No. 260, s. 1973“.
  17. Katigbak-Lacuesta, Mookie (1 октомври 2018). 'A Godzilla Rising from Hell': The Real Threat a Highrise Brings to San Sebastian“. ANCX. Посетено на 15 јануари 2024.
  18. Cruz, May Lyn; Torres, Judith (16 април 2018). „Escolta Maestros: 6 Filipino Architects Who Shaped the Old CBD“. BluPrint. Посетено на 15 јануари 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]