Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.[2]
Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.[2]
Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 51 Македонец, 248 Турци, 224 Роми, 3 Срби, 1 останат и 44 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:[8]
Доселеници:Панчаровци (7 к.) доселени се во 1878 година од селото Панчарево; Џеваировци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Стар Истевник; Ајдиновци (1 к.) доселени се во 1937 година од селото Град.
Доселеници:Кураијовци или Гоцевци (6 к.) доселени се во 1914 година од селото Панчарево; Стојановци (3 к.) и Пандуровци (10 к.) доселени се во 1914 година од селото Дебочица кај Благоевград во Пиринска Македонија, денес Бугарија; Вачковци (2 к.) доселени се во 1915 година од селото Габрово; Бакрданци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Митрашинци кај Берово; Газиновци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Митрашинци; Патревци (1 к.) од Митрашинци; Ристовци (4 к.) доселени се од селото Селник; Димитровци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Киселица; Дојчиновци (1 к.) од некое блиско село; Радуловци (6 к.) од некое блиско село; Саревци (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Ратево кај Берово. Уште подалечно потекло од околината на Радомир во Бугарија; Павлевци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово; Митревци (1 к.) доселени се од селото Радовница во Горна Пчиња; Крамарци (3 к.) доселени се во 1938 година од селото Робово; Попчевци (1 к.) доселени се од селото Панчарево; Бојчовци (1 к.) доселени се во 1942 година од Пехчево; Ковачевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Железница кај Благоевград; Пејовци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Горно Јеловце во Полог.
Српски родови:
Доселеници:Видановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Јеловик кај Књажевац во Србија; Ристиќи (1 к.) и Михаиловиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од околината на Врање; Неделковиќи (2 к.) доселени се во 1934 година од селото Панчарево, а таму од околината на Ужице.[9]
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 мај 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗСАрхивирано на 3 февруари 2020 г..
↑Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.