Црновец било средно по големина село, коешто во 1961 година имало 636 жители, а во 1994 година 124 жители, од кои 95 биле Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и само 1 останат.
Според пописот од 2002 година, селото Црновец брои 86 жители, од кои:[5] 66 Македонци, 18 Албанци, 1 Турчин и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 14 Македонци, 12 Албанци и 5 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Црновец е мешано македонско православно и албанско муслиманско село, селото до почетокот на XIX век било чисто македонско село, но во селото почнале да се населуваат Албанци муслимани, и Македонците почнале постепено да се иселуваат. Се знае за македонски родови иселени во селата Стрежево, Црнобуки, Габаловци, итн. Денес во селото сите родови се доселенички, македонските родови се најмлади.
Родови во селото Црновец се:
Албански:
Доселеници:Имеровци (2 куќи), Мерсимовци (2 куќи), Нуриовци (1 куќа), Зиберовци (1 куќа), Аќифовци (1 куќа), и Рашитовци (1 куќа) доселени се од јужна Албанија, они се Тоски. Црновец е најсеверното тоскиско село во Битолско; Фетовци (1 куќа) доселени се од некое село во Кичевско.
Македонски:
Доселеници од разни места:Бундалевци (2 куќи) доселени се од мијачкото село Галичник; КосТурци (2 куќи) доселени се од Вмбел во костурско; Дојчиновци (3 куќи) доселени се од Габаловци, каде припаѓале на родот Марковци, чие е подалечно потекло од Кукуречани; Гроздановци (2 куќа) доселени се од Стрежево, каде имаат истоимен род кои се староседелци; Цветковци (2 куќи) доселени се од Метимир, каде биле староседелци; Станојовци (8 куќи), Секуловци (8 куќи), Лозановци (3 куќи), Милевци (3 куќи), Дамчевци (2 куќи), и Гоговци (2 куќи) доселени се од Облаково, каде биле староседелци.
Доселеници од Железник:Черкезовци (5 куќи), Стевановци (3 куќи), Гајтановци (3 куќи), Јаневци (2 куќи), Мечкаровци (2 куќи), Ѓорговци (2 куќи), Танчевци (1 куќа), Даљановци (1 куќа), Талевци (1 куќа), Магденовци (1 куќа), Кусо Талевци (1 куќа), Здравевци (1 куќа) и Шатевци (1 куќа) доселени се од Боиште; Куркановци (3 куќи), Костадиновци (3 куќи), Сајковци (2 куќи), Мицковци (5 куќи), и Симевци (1 куќа) доселени се од Лесково; Димитријевци (2 куќи), и Исајловци (1 куќа) доселени се од Железнец; Матлијевци (2 куќи) потекнуваат од Смилево, од Смилево најпрво се населиле во Боиште, па од Боиште во Црновец; Радевци (4 куќи) доселени се од Бабино; Вељановци (3 куќи) и Димовци (1 куќа) доселени се од Базерник; Најдовци (2 куќа) доселени се од Илино (Големо или Мало); Најдановци (2 куќи), Јанкуловци (2 куќи), и Дојчиновци (1 куќа) доселени се од Доленци; Цветановци (2 куќи) доселени се од Зашле; Смилевци (3 куќи) и Спасевци (1 куќа) доселени се од Жван; Наумовци (3 куќи) доселени се од Церово; Каранџуловци (1 куќа) доселени се од Сопотница; Коштревци (1 куќа) доселени се од Смилево.
По 1912 година голем број од албанското население се иселило од селото. Од 1912 до 1957 година се иселиле вкупно 70 албански семејства во Битола и Турција (сите во Истанбул). Целосно биле иселени следните родови Асановци, Бачевци, Грмолар, Кокалар, Дулевци, Врча, Пашовци и Зуљамовци.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.