Челатоне (италијански: Celatone) ― уред измислен од Галилео Галилеј за да ги набљудува јупитеровите месечини со цел да ја пронајде географската должина на Земјата. Бил во облик на парче покривка со телескоп што го зазема местото на очната дупка.
Во 2013 година, Метју Докри создал реплика на челатоне, користејќи белешки од верзијата создадена од Семјуел Парлор. Од април 2014 до јануари 2015 година, челатонето на Докри било изложен во Кралската опсерваторија, Гринич во источен Лондон.