Четвртична (квартерна) структура на нуклеинските киселини се однесува на интеракциите помеѓу одделни молекули на нуклеински киселини, или помеѓу молекули на нуклеински киселини и белковини . Концептот е аналоген на четвртична структура на белковините, но бидејќи аналогијата не е совршена, терминот може да се однесува на голем број различни концепти во науката за нуклеинските киселини и ретко се среќава.[1]
Четвртичната структура на ДНК се однесува на врзувањето на ДНК за хистоните за да формира нуклеозоми, а потоа нивната организација од повисок ред во хроматински влакна.[2] Четвртичната структура на ДНК силно влијае на тоа колку е достапна ДНК-низата на транскрипционата машинерија за експресија на гените. Таа варира со текот на времето, бидејќи одделни региони на ДНК се кондензираат или се изложуваат за транскрипција. Терминот исто така се користи за да се опише хиерархиското групирање на вештачките градбени единици на нуклеинските киселини кои се користат во ДНК нанотехнологијата.[3]
Симетрични комплекси на РНК молекули се многу ретки во споредба со белковинските олигомери.[1] Еден пример за хомодимер на РНК е VS (Varkud satellite) рибозимот од Neurospora, кај кој двете активни места се состојат од нуклеотиди кои потекнуваат од двата мономери.[4]
Најпознатиот пример за формирање на четвртични структури од РНК молекули е рибозомот, кој е изграден од повеќе рРНК молекули и мноштво на рибозомни белковини.[5][6] Слични РНК-белковински комплекси се наоѓаат и во сплајсозомот.
|doi=
(help). ISSN 0968-0004. PMC 4380790. PMID 25778613. Проверете ги датумските вредности во: |date=
(help)CS1-одржување: PMC-формат (link)
|date=
(help)