Чима Копи (италијански: Cima Coppi) — награда која се доделува во најважниот дел на натпреварувањето Џиро д’Италија, една од трите големи трки во велосипедизмот.[1] Искачувањето кое го носи ова име се вредува повеќе за планинскиот пласман отколку другите категоризирани искачувања на трката.[2]
Категоризацијата била првин воведена на Џиро д’Италија 1965 во чест на Фаусто Копи, кој освоил пет изданија на Џиро и три титули во планинскиот пласман во текот на кариерата.[3] Било најавено на 22 април 1965 од тогашниот директор на трката Виченцо Торијано дека највисокиот врв ќе носи двојни повеќе бодови за планинскиот пласман.[4] Торијано помислувал на можни временски бонуси на врвот; меѓутоа, по многу различни мислења, се одлучил за повеќе бодови во планинскиот пласман.[4]
Чима Копи се менува секоја година, што зависи од рутата на Џиро д’Италија, но Чима Копи од највисок дострел е Стелвио, кој со 2.758 метри е највисоката точка на која некогаш се качило Џиро. Стелвио бил користен во 1972, 1975, 1980, 1994, 2005, 2012, 2014 и 2017 година. Било закажно во 1965, 1988 и 2013 година, но рутата била сменета поради временските услови, со соодветни промени кај наградата „Чима Копи“.
|