Шабан Бајрамовиќ

Шабан Бајрамовиќ
Споменик во Ниш
Споменик во Ниш
Основни податоци
Жанр(ови)Циганска музика, џез, блуз
Занимање/њапејач
Инструментивокал
Години на активност1964–2008
Продукциска куќа/ќиРТВ Љубљана, Југотон, ПГБ РТБ,

Шабан Бајрамовиќ (српска кирилица: Шабан Бајрамовић; 16 април 19368 јуни 2008), наречен Шаби, бил српски-ромски музичар, познат како „Кралот на ромската музика".

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потеклото 

[уреди | уреди извор]

Бајрамовиќ е роден во Ниш во ромско семејство, во циганскиот кварт (Циганско маало).[1] За себе велел: „Јас не сум Ром, јас сум Србин, српски Циган“.[2] Првите четири години од основно училиште ги завршил во Ниш. Го напуштил школото и своито музичко образование го добил на улица. 

На 19 години тој побегнал од војска, поради љубов. Како десертер, бил осуден на три години затвор на островот Голи Оток. ТВо затворот, времето го поминал како голман во затворскиот фудбалски тим. Поради неговата брзина, го нарекле „Црн пантер“. Потоа тој се приклучил кон затворскиот оркестар кој свирел, меѓу другото, џез (најчесто Луис Армстронг, Синатра, а понекогаш Џон Колтреин) со шпански и мексикански песни. Неговите затворски денови се мотив на расказот „Пелмо ме сам“ (ромски: Pelmo me sam) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[3]

По излегувањето од Голи Оток, започнала неговата музичка кариера. Првата музичка снимка ја направил во 1964 година. Се смета дека има составено 650 композиции.

Последните години

[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, било објавено дека Бајрамовиќ живеел сиромашно во Ниш со сериозни здравствени компликации и повеќе не бил во можност да оди. Владата на Србија интервенириала да му обезбеди некои средства.[4] Тој умрел во Ниш на 8 јуни 2008 година, од срцев удар.[5]

Тој бил во брак со Милица со која имал четири деца.

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2018-03-25.
  2. Ђорђевић 2011, p. 121
  3. Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 23-31.
  4. Šaban Bajramović poor and seriously ill, Slobodna Dalmacija
  5. „Преминуо певач Шабан Бајрамовић (The singer Šaban Bajramović has died)“. Радио-телевизија Војводине (Radio-Television of Vojvodina). 8 June 2008. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 8 June 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]