Сакиб Полумента (Бијело Поље, 27 март 1968) — црногорски поп-фолк пејач.
Шако Полумента е роден на 27 март 1968 година во Бијело Поље во муслиманско семејство. Почнал да се занимава со музика во 1993 година и оттогаш има издадено 11 студиски албуми и снимил голем број синглови. Во текот на својата кариера соработувал со бројни музичари, меѓу кои Весна Змијанац, Дара Бубамара, Дона Арес, Дадо Полумента, Славица Ќуктераш и Стоја.[1] Денес живее и твори во Подгорица.[1]
Шако е вујко на познатиот пејач Дадо Полумента, на кој му помогнал да ја започне кариерата. [1]
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)