上海图书馆 (上海科学技术情报研究所) | |
![]() | |
![]() | |
Земја | Кина |
---|---|
Основана | 1952 |
Место | Шангај |
Ограноци | 1 |
Фонд | |
Обем | 58 милиони |
Пристап и употреба | |
Опслужува | Јавна |
Службена страница | library.sh.cn ![]() |
Карта |
Шангајска библиотека (со второ име Шангајски институт за научни и технолошки информации) — општинска јавна библиотека во Шангај, Кина. Библиотеката е во сопственост на Шангајскиот општински комитет на Кинеската комунистичка партија.[1] Таа е една од најголемите библиотеки во светот. Нејзината главна зграда е во Шјухуи, со подрачна единица во Пудонг.[2] Од 2024 година, има колекција од 58 милиони тома.[3]
Со 24 ката и висина од 106 метри, главната зграда на библиотеката е втората највисока библиотека во светот по Националната библиотека на Индонезија во Џакарта.[4]
Шангајската библиотека првично била основана во 1952 година.[5][6]
Во 1958 година, Шангајската библиотека се споила со Шангајската библиотека за наука и технологија (поранешна библиотека Мингфу), со библиотеката за весници во Шангај (поранешна библиотека Хонгјинг) и со библиотеката за историски документи во Шангај (поранешна Обединета библиотека), сите биле со значителна големина во тоа време, па станала втора по големина јавна библиотека во земјата, по Националната библиотека на Кина.[7][3]
Во ноември 1958 година бил основан Шангајскиот институт за научни и технички информации. Во октомври 1995 година, Шангајската библиотека се споила со Шангајскиот институт за научни и технички информации и станала јавна библиотека насочена кон истражување и сеопфатен информативен истражувачки центар.[5][3]