Шизофонија ― израз смислен од Р. Мареј Шафер за да го опише расцепувањето на првичниот звук и неговото електроакустично пресоздавање.[1] Овој концепт потекнува од пронајдокот на електроакустичната опрема за пренос на звук, што значело дека секој звук може да се снима и испраќа насекаде низ светот. Првично, тоа не било можно, бидејќи секој звук бил првичен и можел да се слушне само еднаш. Шизофонијата е одвојување на овој изворен звук и снимање на истиот.[2]