Шикигами (式神 , се чита и како Шики-но-ками, 式の神) е терминот што се корсти за суштества од Јапонскиот фолклор. Се сметаат за некој вид на ками, претставени како мали духови.[1] Верувањето за шикигами потекнува од Онмјоодоо учењето.
Столбовите на ова верување е учењето на ексогенетските и ендогенетските фактори кои доведуваат до болест и дисхармонија според традиционалната кинеска медицина. Овие принципи се развиени заради недостаток на образование и дезинформација на јавноста, во комбинација со лаиците кои што создавале суеверија за природните појави и феномени.[2]
Шикигами се повикани суштества, направени живи преку комплексна врачна церемонија. Нивната моќ е поврзана со духовната сила на нивниот господар, каде што ако повикувачот е добро воведен во магијата и има многу искуство, нивните шики можат да опседнат животни, па дури и луѓе, кои што понатаму можат да се контролираат, но ако повикувачот е невнимателен, нивниот шикигами може да излезе од контрола со текот на времето, стекнувајќи сопствена волја и свест, па дури и може да изврши напад кон сопствениот господар и да ги убие како одмазда. Обично шикигамите се принудени да извршуваат ризични наредби од своите господари, како што се шпиунажа, крадење и следење на непријатели. За шикигамите се велело дека не можат да се видат во поголемиот дел од времето, но тие можеле да станат видливи ако биле врзани во мали, свиткани и уметнички исечени хартиени маникини. Постојат и шикигами кои можат да се појават како животни.[1][3][4]
Според изанаги-рју (јапонски: いざなぎ流) народната религија, најелитните онмјооџи (практикувачи на онмјоодоо) исто така можат да повикаат исклучително моќни видови на шикигами наречени шикиооџи (јапонски: 式王子) за да ги избркаат катастрофите или демоните што предизвикуваат болести. Обичните мистици не можеле да се обидат да ги повикаат без да ризикуваат да ја изгубат контролата над нив поради нивната они природа.