Шипковица | |
![]() Поглед кон Шипковица | |
Координати 42°2′6″N 20°54′56″E / 42.03500°N 20.91556°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 1.540 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1200 |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28092, 28592 |
Надм. вис. | 820 м |
![]() |
Шипковица — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово. Се наоѓа на Шар Планина, и претставува типично планинско село. До 2004 година, селото било седиште на Општина Шипковица. Во минатото постоело и посебно село Шипковско Теќе, кое денес е споено со Шипковица и фигурираат како едно исто село.
Името на селото на албански е Shipkovicë (нечленувано), или Shipkovica (членувано). Во локалниот тетовски дијалект, селото е познато како Шипкојца.
Селото се наоѓа на Шар Планина, на околу 820 метри надморска височина. Шипковица е дел од географскиот регион Долен Полог, во близина на течението на реката Пена. Атарот на Шипковица граничи со атарот на Бродец (на север), со атарот на Селце (на североисток), со атарот на Гајре (на југ) и Вешала (на запад). Оддалечено е 11 километри северозападно од Тетово.
Шипковица е дел од постарите села во Полог. Првично, селото било чисто македонско, населено со македонско население. За време на Османлиското Царство, поради доселување на муслимански Албанци, македонските родови се иселиле. Македонците од Шипковица некогаш кога живееле во селото приредувале собир на местото познато како „Пучален“, каде е денешното основно училиште. На тоа место имало веселби и забави. Со доселувањето на Албанците, а со отселувањето на Македонците, словенските топоними не исчезнале. Македонците се иселувале во Тетово, Лавце и околните пониски села. Меѓу познатите семејства кои живееле во Шипковица се: Аврамовци (преселени во Тетово), Здравковци (преселени во Лавце), Војновски (преселени во Лавце) и др. Последните македонски семејства се отселиле во средината на XIX век. Според податоците на Трифуновски, во селото (средината на XX век) живее муслиманско население, составено од две групи: етнички Албанци и исламизирани и албанизирани Македонци. Албанизираните Македонци, според Трифуноски, се семејствата познати како Торбеши, Ѓоре и Маце.[2]
Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство. Според податоците на Бугаринот Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 550 жители Албанци муслимани.[3] Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било центар на Селечка Општина и имало 186 куќи со 840 Албанци.[4]
Во 2001 година селото било седиште на штабот на терористите на ОНА кои го започнале Судирот во Македонија во 2001 година.
На местото на зградата на поранешната Општина Шипковица има црква. Бидејќи првобитното население на селото било македонско, мештаните имале изградено црква. Црквата се наоѓала на местото на сегашното место именувано „Киша“ („црква“ на албански). На истото место, од црквата, била изградена општинската зграда. Околу црквата имало православни гробишта. Во 1935 година група граѓани од Тетово вршеле ископувања околу црквата и пронашле различни плочи, крстови, кандила и слично.[5] Името на црквата не е познато. Во атарот на селото има и три градишта.
Месното население воглавно се занимава со сточарство и трговија со сточарските производи.
Порано, во месноста Јелак, Шипковичани поставувале бачила и таму ги поеле своите животни. Поради тоа, останало името Шипковички Бачила.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 550 жители, сите Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[7]
Според пописот од 2002 година, во Шипковица живеат 2.826 жители, од кои 2.817 Албанци и 9 други. Доминантна религија во селото денес е Исламот, а доминантен јазик е албанскиот.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.540 жители, од кои 1.483 Албанци и 57 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 550 | — | 1.357 | 1.485 | 1.566 | 2.106 | 2.512 | 0 | 2.571 | 2.826 | 1.540 |
Како едни од најстарите албански родови во селото се споменува родот Мањак (40 куќи). Името го добил по селото Мњак (кај Љума), а во Шипковица живее од втората половина на 18-от век. Потоа се споменува и родот Фанде (33 куќи) и е доселен од областа Фанде (во северна Албанија) кон крајот на 18-от век.[14]
Шипковица е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Албанските родови во селото пред да го прифатат исламот биле католици.[15]
Селото Шипковица било центар на Општина Шипковица од 1996 до 2004 година. Под општината влегувале селата: Лисец, Гајре, Бродец, Бозовце и Вешала.
Во селото постои избирачкото место бр. 2080, 2081 и 2083 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.624 гласачи.[17]
Забележан е трендот на иселување на населението, особено помладото. Воглавно иселувањето е во странство или кон градот Тетово.
![]() |
„Шипковица (Тетовско)“ на Ризницата ? |
|