Шиштавец Shishtavec | |
---|---|
село | |
Поглед на селото | |
Координати: 41°59′N 20°36′E / 41.983°N 20.600°E | |
Земја | ![]() |
Област | Кукуш |
Општина | Кукуш |
Надм. вис. | 1.300 м |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Шиштавец (албански: Shishtavec) — село во административниот регион Кукуш во североисточна Албанија. Во минатото Шиштавец беше седиште на истоимената општина, но во 2015 со локалната реформа за самоуправа стана дел од општината Кукуш.[1]
Селото се состои од околу 300 домаќинства со над 1 800 жители-Горанци. Областа е дел од поширокиот регион Гора, од кој поголемиот дел лежи на другата страна од границата (денес Косово).
Горанците во Албанија воглавно се изјаснуваат како Албанци, за разлика од Горанците во Косово и Македонија. Од неодамна има обиди за нивно признавање како посебна етничка група, како и обиди да се претстават како население со српски, македонски или бугарски идентитет.
Околу 250 хектари компир се садат на годишно ниво во Шиштавец.[2]
Според пописот од 2011 г. 68.3% од населението во општината се идентификувале како етнички Албанци, а 7.7% Македонци. Остатокот не прогласиле етничка припадност.[3]
|
|