Шуто Оризари | |
Улица во Шуто Оризари | |
Координати 42°02′16.84″N 21°25′28.42″E / 42.0380111° СГШ; 21.4245611° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Шуто Оризари |
Население | 15.353 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25051 |
Надм. вис. | 303 м |
Шуто Оризари на општинската карта Атарот на Шуто Оризари во рамките на општината | |
Шуто Оризари на Ризницата |
Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.
Кон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.[2][3]
На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.[4]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.[2][5]
Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.
Според пописот од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.[6]
Народ | Вкупно |
Македонци | 481 |
Албанци | 1205 |
Турци | 49 |
Роми | 13.201 |
Власи | 0 |
Срби | 34 |
Бошњаци | 138 |
останати | 245 |
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|