Абдулах Сидран | |
---|---|
Роден/а | 2 октомври 1944 Сараево, НДХ |
Починат/а | 23 март 2024 Сараево, БиХ | (возр. 79)
Псевдоним | Авдо |
Занимање | Поет и сценарист |
Жанр | поезија, проза, сценарија |
Абдулах Сидран (бошњачки: Abdulah Sidran; 2 октомври 1944 – 23 март 2024) — босански писател, сценарист и новинар. Членувал во АНУБиХ и еден од најзначајните сценаристи во поранешната југословенска кинематографија. Бил љубител е на шахот и мајсторски кандидат.[1]
Абдулах Сидран е роден во Сараево во 1944 година. Во родниот град завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет. Дипломирал на Катедрата за историја на југословенската книжевност. Бил уредник на студентскиот весник Наши дани. Бил вработен како драматург во Телевизија Сараево. Во средината на седумдесеттите, објавува песни и проза, во генерацијата на млади писатели често наречени „шеесетти“. За неговите поетски книги е награден со книжевни и општествени награди. Збирката поезија Сараевски табут излегува за време на војната во Босна и Херцеговина, која го добила признанието „Награда на слободата“ на францускиот ПЕН центар. Избор поезија преведена на италијански ја добила наградата „Premio letterario 1996 della Fondazione Laboratorio Mediterraneo“. Некои од неговите познати песни се: „Бивши другари“, „Босна“, „Девојчето од улицата Пркос“, „Ќе се знае ли нешто за мене“, „Мора“, „Планета Сараево“, „Сараевски приказни“ и „Зошто Венеција тоне“.[2]
Покрај тоа што е поет, Сидран е многу познат и по филмовите за кои ги напишал сценарија. Тој е еден од најзначајните сценаристи во поранешната југословенска кинематографија („Се сеќаваш ли на Доли Бел?“, „Татко на службен пат“, во режија на Емир Кустурица, „Кудуз“ од Адемир Кеновиќ). Како филмски автор, добитник е на бројни награди и признанија.
Живеел и работел во Сараево и Горажде.[3]
„Абдулах Сидран“ на Ризницата ? |