Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Андреа Лекиќ | ||
Роден(а) |
6 септември 1987 Белград, Србија | ||
Националност | Србија | ||
Спорт | Ракомет | ||
Тежина | 77 kilograms (170 lb) | ||
Позиција | среден бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | ЧСМ Букурешт | ||
Број | 7 | ||
Сениорски клубови | |||
2005–2006 2006–2007 2007–2011 2011–2013 2013-2018 2018- –2005 |
ОРК Белград Раднички Белград Књаз Милош Крим Ѓер Ауди ЕТО Вардар ЧСМ Букурешт | ||
Репрезентација | |||
Србија | 102 (520)[1] | ||
Андреа Лекиќ (родена на 6 септември 1987 г. во Белград)[2] — српска ракометарка, која игра на позицијата среден бек за ЧСМ Букурешт и за српската репрезентација.
Лекиќ е капитен на репрезентацијата на Србија и била прогласена за најдобар среден бек на Европското првенство 2012 во Србија.
Ракомет почнала да тренира на 11-годишна возраст во ОРК Београд под водство на тренерот Весна Бојковиќ. Но, пред да го избере ракометот, Андреа на рана возраст била успешна и во неколку други спортови. Прво тренирала карате и стигнала до „син појас“ пред да се префрли на спортовите со топка. Почнала со одбојка, но кошарката и привлекувала многу поголемо внимание, играла и фудбал, а се пробала и во тенис кој и денес и е еден од омилените спортови. По ОРК Београд, Лекиќ две сезони била во Раднички, а со неполни 18 години се преселила во екипата на „Књаз Милош“ од Аранѓеловац со која во 2007 година ја освоиле првата шампионска титула во Србија.
По многуте примамливи понуди од странство кој уследиле, изборот за трансфер паднал на двократниот освојувач на Лигата на шампионите, словенечкиот Крим Меркатор. Со екипата на Крим, Лекиќ освоила четири двојни круни во Словенија, и трипати во четири години стигала со клубот до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во 2011 година таа била избрана за најдобра ракометарка во словенечкото првенство.
После четири години во Љубљана во кои израснала во еден од најдобрите организатори на играта во Европа, Лекиќ од долгиот список на клубови кој ја посакувале, ја прифатила понудата на еден од најсилните европски клубови, унгарскиот Ѓер. Во првата сезона за малку и побегнала првата европска круна во кариерата откако Ѓер загубил во финалето на Лигата на шампионите од Будуќност, но до најголемиот успех во својата клупска кариера стигнала во мај 2013 година, кога унагрскиот шампион во финалето на ЕХФ Лигата на шампионите го совладал норвешкиот Ларвик. Освен европската титула Лекиќ освоила и уште две двојни круни со Ѓер во Унгарија.
Во летото 2013 година се одлучила за уште еден професионален предизвик потпишувајќи договор со македонскиот Вардар, кој ја претставил Лекиќ како големо засилување во процесот на создавање на сериозен проект. Во првите неколку месеци станале водач на екипата која во својата дебитантска сезона се пласирала на Ф4 од Лигата на шампионите во Будимпешта. Во унгарската престолнина Вардар го освоил третото место што било најголем успех во историјата на клубот. По уште две трети места во сезоните 2014-2015 и 2015-2016, конечно во сезоната 2016-2017 Лекиќ и Вардар го минале полуфиналето на Ф4 турнирот и стинале до финалето на Лигата на шампионите во кое загубиле од нејзиниот поранешен клуб Ѓер со 30-31. Следната сезона тие повторно стигнале до финалето, но одново не го подигнале пехарот, откако повторно загубиле од истиот противник во уште еден тесен натпревар со 26-27. Интересно е тоа што и двата финални натпревари биле решени по продолженија. Со Вардар Лекиќ освоила пет титули во македонското првенство, четири во Купот на Македонија и две во Регионалната ракометна лига.
Во февруари 2018 година, Лекиќ заедно со своите соиграчки од Вардар Драгана Цвииќ и Јованка Радичевиќ потпишале за романскиот ЧСМ Букурешт.[3]
Во репрезентацијата на Србија, Андреа Лекиќ првпат била повикана во 2005 година во подготовките за двомечот со Македонија во баражот за СП 2005, а првиот официјален меч во репрезентативниот дрес го одиграла на „Трофеј Карпати“ во 2006 година. Со српската репрезентација има настапено на четири Европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010, ЕП 2012). На последното ЕП 2012 на кое беше домаќин, Србија го освоила четвртото место, а Андреа Лекиќ била избрана за најдобар среден бек во ол-стар тимот на првенството.
|