Баш Челик или Башчелик — битие од српското народно творештво, чие основно значење е железна глава и претставува силно, натприродно битие. Башчелик претставува типичен карактер на злите битија од словенската митолошка традиција.
Овој расказ на читателската јавност за првпат и бил претставен од страна на Вук Стефановиќ Караџиќ во збирката „Српске народне приповјетке“, отпечатена во Виена во 1870 година. Во расказот станува збор за три браќа, од кои најмалиот по грешка го ослободува страшниот насилник Баш Челик, кој му ја грабнува жената (сопругата). Несреќниот младич во потрагата по саканата наидува на голем број пречки кои ги решава со истрајност и мудрост, за на крајот да го победи Башчелик и да си ја врати љубената.
Според расказот е снимен филмот „Чудотворниот меч“ од 1950 година, каде што главниот лик нема царско потекло, туку е обично селанче, но заплетот е речиси идентичен.
|