Велибор Глигориќ Велибор Глигорић | ||
Роден | 28 јули 1899 Рипањ | |
---|---|---|
Починал | 3 октомври 1977 Белград | |
Националност | Србин | |
Занимање | критичар, историчар, академик |
Велибор Глигориќ (Рипањ, 28 јули 1899 - (Белград, 3 октомври 1977) – книжевен критичар и историчар, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969).[1]
Глигориќ дипломирал на Правниот факултет во Белград во 1924 година и потоа бил службеник во Министерството за трговија и индустрија. Во времето на Втората светска војна бил уапсен и депортиран во Германија. По Ослободувањето бил директор на Драмата, управник на Народното позориште и управник на Југословенското драмско позориште во Белград, редовен професор на Катедрата за југословенска книжевност на Филолошкиот факултет, редовен член и претседател на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав.[1]