Општина Дебар (албански: Bashkia Dibër) — општина во истоимената Област Дебар во североисточна Албанија. Седиште на општината е градот Пешкопеја. Таа била создадена во јуни 2015 година, со спојување на општините Арас, Фуша Чиден, Кала е Додес, Кастриот, Лур, Лузни, Макелари, Мелан, Мухур, Пешкопеја, Селишта, Слова, Томин и Зал Реч.[1] Населението брои 61 619 (попис 2011), а површината 937,88 км2.[2] Ги има истите граници како поранешниот Округ Дебар во кој и припаѓала.
Општината има значајно македонско малцинство.