Европјеци (англиски: The Europeans) е роман на англискиот писател Хенри Џејмс.
Романот се состои од 12 глави.[1]
Во 1988 година, романот „Европејци“ бил објавен од издавачката куќа „Наша книга“, како дел од едицијата „Светска класика“, во превод на Венера Новаковска. Романот, со обем од 178 страници, во тврд повез и димензии од 21 сантиметар, е испечатен во печатницата „Нова Македонија“, во Скопје, во тираж од 2.000 примероци. Книгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-373-0200-9. Книгата била објавена со финансиска помош од Републичката заедница на културата - Скопје. Ликовно-графичкото уредување е дело на Томислав Филипов, а коректурата ја извршиле Спасија Бурековиќ и Благородна Билбиловска.[2]