Ернест Мајер

Ернест Мајер
Родена 10 ноември 1920
Згорњи Тухињ, Југославија
Починала 17 март 2009
Националност Словенец
Занимање ботаничар, академик

Ернест Мајер (роден на 10 ноември 1920 година во Згорњи Тухињ — починал на 17 март 2009 година) — словенечки ботаничар, академик, редовен член на САЗУ, професор по ботаника на Универзитетот во Љубљана.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ернест Мајер студирал биологија на Универзитетот во Љубљана и на Универзитетот во Виена. Од септември 1944 до декември 1945 година, бил дел од југословенските партизани и во Југословенската народна армија. Во 1947 година тој ги завршил студиите во Виена и дипломирал во ботаника како главен предмет.

Во 1947 година тој бил назначен за асистент на ботаничкиот институт на Универзитетот во Љубљана, по кое станал постар асистент и доцент за ботаника. Во 1956 година станал вонреден професор на Природно-математичкиот факултет, потоа професор по ботаника на биотехничкиот факултет, работа што ја имал до 1978 година. Потоа се префрлил во Институтот за биологија Јован Хаџи на Словенечката академија на науките и уметностите каде бил постар научник до неговото пензионирање во 1991 година.

Неговата работа првенствено се фокусирала на фитогеографската, морфолошката и таксономската идентификација на повисоките растенија што растат на територијата на поранешна Југославија и остатокот од Балканскиот Полуостров, со акцент на ендемиката и полиморфизмот. Тој бил автор или соавтор на над 100 научни трудови од областа на флористиката и таксономијата и е еден од најдобрите познавачи на ендемската флора на Балканскиот Полуостров. Има објавено голем број трудови, дел од нив во соавторство со неговиот долгогодишен соработник и академик Кирил Мицевски. Во нив се разработени разни таксономски и хоролошки проблеми од флората на Македонија кај повеќе таксони, како што се: se: Saxifraga grisebachii, Lilium heldreichii, Genista fukarekiana, Astragalus subg, Tragacantha, Ferulago macedonica итн.[1]

Бил член на многу југословенски национални и меѓународни општества и комитети. Тој бил Регионален советник за Југославија за проектот Flora Europaea до 1992 година, а потоа и помошник консултант за нејзино продолжение, Atlas Florae Europaea со седиште во Хелсинки. Тој станал вонреден член на Словенечката академија на науките и уметностите во 1974 година, а полноправен член во 1983 година. Од 1993 година бил редовен член на Европската академија на науките и уметностите. За неговиот придонес во науката тој ја добил наградата „Јесенко“ на биотехничкиот факултет (1979) [2] и наградата „Кидрич“ за животно дело (1986).

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мајер“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 817. Text "series " ignored (help)
  2. Jesenkove nagrade Архивирано на 3 март 2016 г.. Biotehniška fakulteta, Univerza v Ljubljani.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]