Ле Бон на Е3 Харелбеке 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Жоан Ле Бон | ||
Роден | 3 октомври 1990 Лањон, Франција | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 71 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Б&Б Хотелс п/б КТМ | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Професионални клубови | |||
2009–2012 2013-2017 2018- | Бретањ-Шулер ФДЖ Витал Консепт | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 25 март 2018 |
Жоан Ле Бон (француски: Johan Le Bon; р. 3 октомври 1990 во Лањон) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.[1]
Возејќи како јуниор во 2008 година, Жоан Ле Бон станал европски првак[2] и светски првак за само еден месец.[3] Исто така, го освоил бронзениот медал на европското хронометарско првенство истата година.
Една година подоцна се приклучил на професионалната велосипедска екипа Бретањ-Шулер.[4] На Бретонската трка 2010 ја остварил својата прва професионална победа. Исто така ја освоил третата етапа на Куп де насионс Вил Сагене, трка која ја освоил претходната година како аматер и третата етапа на Кројц Брајц, станувајќи целосен победник на трката.[5]
Во 2011 и 2012 година, Жоан Ле Бон бил национален хронометарски првак под 23 години.[6]
Во 2013 година, Ле Бон се приклучил на екипата ФДЖ. На важните тридневни етапни трки Западна Фландрија и Де Пане, Ле Бон завршил петти и четврти, соодветно. Го освоил својот прв подиум со ФДЖ, завршувајќи втор на Тро-Бро Леон.[7] Подоцна истата година, Ле Бон првпат настапил на некоја голема трка со учество на Џиро д’Италија.
Во 2014 година учествувал на велосипедските класици Париз-Рубе и Омлоп Хет Ниувсблад. Повторно бил дел од Џиро д’Италија, но настапил и на Вуелта а Еспања.
Неговата најголема победа ја остварил во 2015 година, кога ја освоил петтата етапа на Енеко Тур.[8]
Голема трка | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 |
---|---|---|---|---|---|
Џиро | 115 | 89 | — | — | — |
Тур | — | — | — | — | |
Вуелта | — | 79 | — | СО | СО |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Жоан Ле Бон“ на Ризницата ? |